СМ 11 Comfort Лепило за керамички плочки

Опис

Тенкослојно лепило за сите секојдневни нискотоварни внатрешни употреби 

Карактеристики

  • За внатрешна употреба и во влажни простории, надворешна само во одредени случаи (затворен простор)
  • За недеформирачки подлоги
  • За земјени и камени плочки

Прочитајте повеќе

Класично цементно лепило за плочки, за лепење плочки и плочи со профилирана заднина во внатрешни простории. Во трајно влажни простории, додадете СС 83 да добиете флексибилно лепило со висок степен на врзување.

Чекор по чекор

Подготовка на подлогата

CM 11 се врзува за сите чисти, цврсти, товарни, рамни, суви и влажни подлоги, кои немаат супстанци кои би го попречиле врзувањето. Нерамните површини или дупки треба претходно да се израмнат (види Ceresit производи за подови и производи за завршна внатрешна работа). Слоевите со лоши товарни карактеристики треба да се отстранат. Гипсот/анхидридот или слоевите боја (без креда, со добро врзување) мора механички да се израпават и да се исчистат од прашина.

Пред нанесувањето на СМ 11 лепилото проверете ја преостанатата влажност на подлогата. Апсорбентните подлоги треба да се премачкаат со Ceresit прајмер. Проверете го Списокот на технички податоци!

Мешање

Истурете ја содржината на пакувањето во измерената количина чиста, ладна вода и мешајте го со мешалка додека не се постигне хомогена маса без грутки. Потребно е да се почека 5 минути (да созрее) и потоа повторно да се промеша. По потреба внимателно додавајте вода додека не се постигне бараната густина.

Нанесување

Лепилото треба да се нанесува со соодветна назабена глетарка, зависно од големината на плочката. При внатрешна употреба, покриеноста со лепило (контактната површина) треба да е барем 65%. При надворешна употреба, потребна е покриеност од 90% (со комбиниран метод т.е. со додатен тенок слој лепило на задната страна на плочката). Преостанатото свежо лепило се вади со вода; стврднатиот материјал се вади само механички.

Употребувајте СМ 11 само во суви услови на температури од +5°C до +30°C.