CT 84 Express PU-лепило за ЕРS-плочи

Опис

Нанесување од 0°C и при висока влажност – особено препорачано за работа при ниски температури кога сушењето на цементни лепила трае подолго

Карактеристики

  • Износ: 10 m² – 100% повеќе од традиционалните цементни лепила; 15% повисока врзувачка моќ од традиционални цементни лепила
  • Врзување по отприлика 2 h – ја забрзува работата со термална изолација. При нанесување CT 84 и Ceresit Ceretherm Express системите, работата се скратува за до 5 дена.
  • Совршен за системи ”стоплување на стоплување”  – 1 m² плочи од експандиран полистирен фиксиран со CT 84 лепило тежи 100 g, наместо 5 kg како кај цементните лепила
  • Подобрени термоизолаторски својства – CT 84, за разлика од традиционалните цементни лепила, има термоизолаторски својства случни на оние кај пенестиот полистирен или волната
  • Висока хомогеност на лепилото благодарение на металната кугла која штити од преголеми меури

Прочитајте повеќе

Ceresit CT 84 полиуретанското лепило се користи за фиксирање плочи од експандиран полистирен во комплексните Ceresit Ceretherm системи за термоизолирање надворешни ѕидови на згради (ETICS). Околу 2 часа по нанесувањето полистиренските плочи можат да се измазнат и прицврстат, а потоа може да се нанесе армираниот слој со помош на Ceresit CT 85. CT 84 полиуретанското лепило исто така се користи за фиксирање материјали како што се EPS и XPS пенест полистирен и тврда минерална волна за површини како што се дрво, OSB плочи, стакло, битумени, керамички цигли, бетон, премачкан или галванизиран лим, сув бетон и бетон по наводенување, гипскартон и за слојно фиксирање на плочи од експандиран полистирен и минерална волна при нормални и ниски температури, како и во термални системи.

Чекор по чекор

Подготовка на PU лепилото

Силно протресете ја боцата неколку секунди, извадете го капачето од вентилот и навртете ја цевката на боцата со вентилот свртен нагоре. Внимание! Вентилот треба да е затворен. Откако ќе ја навртите боцата, вентилот смее да се отвори и лепилото да излезе со притискање на чкрапалото. Пред фискирање на EPS, фиксирајте ги почетните ленти. CT 84 се нанесува држејќи го пиштолот со боцата свртена нагоре, држејќи растојание меѓу пиштолот и плочата со цел правилно да се нанесе лепилото.

Нанесување на PU Лепилото

Во случаи на фиксирање изолациски панели во CT 84 системот за дополнителна термоизолација, нанесувањето се врши на растојание од околу 2 cm од работ, во една лента по средината на плочата, паралелна на подолгите страни. При лепење изолациски панели за термоизолирање темели, нанесете CT 84 во 5 вертикални ленти паралелни на најкратките страни на плочата, со растојание од околу 2 cm од работ.

Фиксирање на изолациски плочи

Веднаш притиснете ја плочата за ѕидот и држете ја притисната со мистрија. Површината на ЕРS плочите се измазнува во рок од 20 минути по фиксирањето, со долга мистрија.

Поврзани производи