За да се обезбеди сигурно поставување на подни облоги, Ceresit нуди високо квалитетни производи како што се основните премази, заптивните смеси, смеситe за израмнување и полнење како и поправки.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА – САМОНИВЕЛИРАЧКИ МАСИ
Дали е потребно да се нанесе прајмер преку самонивелирачка маса?
mkКога ќе се нанесе самонивелирачка маса пред лепење на керамика, потребно е благо брусење поради испливување на круто цементно млеко. После брусење и усисавање потребно е да се нанесе основен премаз CN 94 и да се започне со местење керамички плочки.
Колку време се суши самонивелирачка маса?
mkВо нормални временски услови, одењето по самонивелирачка маса е возможно после 6 часа. За понатамошна изработка потребно е да поминат 24 часа доколку дебелината на слојот е до 3 mm, односно 48-72 часа ако дебелината на слој е поголема од 3 mm.
Како правилно се нанесува нивелирачка маса за подови?
mkЗадолжително е подлогата да биде чиста, цврста, сува и без пукнатини и супстанци кои можат да влијаат на лепењето, како што се битумен, остатоци од стари лепила и сл. Пред нанесување на нивелирачката маса, секогаш бидете сигурни дека во случај на пливачки подови, влагата во подлогата да биде < 2 CM на цементни кошулици без подно греење (односно 1,8 CM% со подно греење) и < 0,5 CM% за калциум сулфатни кошулици без подно греење (односно 0,3 CM% со подно греење). Нанесете ја самонивелирачката маса Ceresit CN 69 на под во соодветна дебелина со еден слој, и израмнете по целата површина со соодветен алат. Потоа, со употреба на иглест ваљак истистнете го заробениот воздух. Доколку се меша во серии, потребно е да се работи по систем мокро на мокро.
Дали е потребен основен премаз пред нанесување на самонивелирачка маса?
mkОсновен премаз е потребен на минерални впивачки површини за да се поврзат слабите честички прашина, за да се зајакне подлогата и изедначи и намали впивливоста. Некои основни премази може да бидат парна бариера за заостаната влага во цементната кошулица. На невпивачки подлоги, тенок слој на основен премаз ја зголемува лепливоста.
Која е разликата помеѓу цементна и гипсана (анхидрантна) самонивелирачка маса?
mkТие се направени на различни бази: цемент или гипс. На цементна база не се многу осетливи на влага, додека гипсаните самонивелирачки маси имаат помал коефициент на собирање. Од агол на сила на врзување, и двете постигнуваат слични карактеристики, со тоа што цементните се сушат побрзо.
Кои самонивелирачки маси (кошулици) се потребни за подови на која има голема фреквенција на луѓе?
mkОние кои има зголемени абразивни карактеристики.