Не, CL 51 Express е погоден исклучиво за внатрешна примена, а за надворешна употреба се препорачува двокомпонентен хидроизолациски премаз CL 50.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА – ПРОИЗВОДИ ЗА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА
Дали CL 51 Express е погоден за хидроизолација на тераси и балкони?
mkДали CL 51 се користи како примарна хидроизолација?
mkТоа не се препрачува. Обично се користи црна хидроизолација како што е битумен, односно PVC мембрана или полимер - цементна хидроизолација од асортиманот на Ceresit со ознака CR.
Која е постапката за нанесување хидроизолација кога лепиме на веќе постоечки плочки?
mkСистемската препорака е следна:
- Измијте ги старите плочки;
- Нанесете прајмер CN 94;
- После сушењето, нанесете тенок слој на лепак CM 16;
- Откако CM 16 ќе се исуши, нанесете хидроизолација CL 51 со трака CL 152;
- По сушење на хидроизоалцијата, залепете ги плочките со соодветен флексибилен лепак;
- потоа нанесете фуга и
- на крај нанесете CS 25 трајно еластичен силикон.
Дали е потребно да се користи трака при нанесување на хидроизолација?
mkТраката е задолжителен дел од системот за хидроизолација, и се нанесува на споеви, односно агли од 90 степени, околу сите инсталиции и слично.
Како може да се санира проблем со прокиснување на гаража или слична просторија?
mkАко станува збор на не проодна тераса може да се употреби CP 30 кој е завршен премаз, а ако терасата се користи тогаш потребно е да се нанесете хидроизолација CL 50, а потоа да залепите керамика.
Зошто хидроизолацијата во влажни простории е толку важна?
mkВодата ја нарушува стабилноста на системот, без разлика дали е во нормална состојба, лед или пареа. Поради тоа потребно е да се спречи нејзино продирање во системот. Дури и ако не го наруши системот, водата тешко испарува и поради тоа доаѓа до појава на мувла и непријатни мириси.
Кои производи се погодни за хидроизолација под плочки на тераси и балкони?
mkЗа хидроизолација под плочки на тераси и балкони се препорачуваат двокомпонентни хидроизолациони премази Ceresit CR 166 или Ceresit CL 50.