Бањи и кујни

Тешко е да се замисли една модерна бања, туш, перална или кујна без керамички плочки со извонреден дизајн и одлична технологија на површина. Керамичките плочки често се користат во соби или простории со многу влага, хемикалии и абразија. Поплочените подови и ѕидови долго го задржуваат квалитетот и убавината. Затоа, планирањето детали како што е хидроизолацијата, пополнување рабови, избор на фуга и лепило се важни фактори.

Чекор по чекор

Чекор 1

Подготовка на подлогата
 

Проверката и подготовката на подлогата е клучна со цел да се избегнат недостатоци и да се гарантира долготраен резултат. Во основа, површината мора да ги исполнува следниве услови: мора да е товарна, сува, рамна и без прашина или масла. За детали околу секој од чекорите (мерење влага, проверка на услови на подлога, нанесување прјмери) прочитајте го делот "Подготовка".

Чекор 2

Хидроизолација
 

Грешно е да се мисли дека еден целосно поплочен под или ѕид е водоотпорен. Спојките пропуштаат влага и вода во подлогата, предизвикувајќи долготрајна штета. Некои површини се директно изложени на контакт со вода; меѓу нив се ѕидовите и подовите во тушевите, како и кадите и мијалниците. Овие места мора да се заштитат со посебни затнувачки слоеви под плочките. Прво, добро затнетете ја површината, и потоа поправете ги плочките - ова е клучниот принцип кој важи за сите површини изложени на влага. Ceresit системот за изолација под плочки е ефикасен, лесен и брз при нанесувањето.

Чекор 3

Поставување плочки и фугирање
 

Изборот на соодветено лепило зависи од природата на подлогата (подно греење) и - во голема мера - од видот плочки: дали керамички, порцелански, камени или стаклени. Ceresit ви нуди соодветно лепило и широк спектар бои за фуги за идеално декорирање на модерни бањи или кујни.

ЧЕКОР 4

НАНЕСУВАЊЕ ФУГ МАСА
 

После мешањето, фуг масата може да се нанесе со помош на соодветна глетарка. Потребно е да ја втиснете фуг масата помеѓу керамичките плочки, се додека не се пополнат шуплините и не се израмнат со подлогата. После тоа, остатокот фуг маса се отстранува од керамичките плочки користејќи ја ивицата од глетарката под агол од 90°. Потребно е да правите дијагонални движења, за да се отстрани што е можно повеќе фуг маса а притоа да не се извлекува од фуг масата која се наоѓа помеѓу керамичките плочки. За еднаков и естетски изглед, и за лесно чистење, пред самото миење, потребно е да ја оставите фуг масата некое време за да се исуши.