Поставување плочки во индустриски простории

Ниеден друг дел од индустриските градби не е толку оптоварен како што е подот: тежина, промени во температурата, влага и агресивни хемикалии. Во многу случаи, комбинацијата од неколку фактори поставува строги услови врз плочките. Особено во опасни средини, квалитетот на подструктурата, хидроизолацијата и производите за плочки, како и правилното планирање и стручната инсталација, е од клучно значење. Затоа, Ceresit нуди специјализирани системи и решенија за справување со механички товар, термички оптеретувања, хемиски напади и гранични услови - сеопфатни информации ќе најдете во нашите специјализирани брошури за поставување плочки во индустриски простории.

Чекор по чекор

ЧЕКОР 1

ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА
 

Пред почетокот на планирањето, мора да се создаде профил на барања што ги зема во предвид најважните фактори:

  • Механички оптоварувања
  • Термички стресови
  • Хемиски напад
  • Изложеност на влага и влажност
  • Гранични услови

Проценката на овие фактори го одредува извршувањето на конструкцијата на подот - од основата до горниот слој - и правилниот избор на производи што треба да се користат. Особено во тешки средини, работата на планерите, монтерите, плочкарите и работниците кои ги поставуваат естрисите е тесно поврзана и бара работа рака под рака.

Чекор 2

Хидроизолација
 

Просториите од типот на комерцијални кујни се изложени на значителна количина вода, особено вода без притисок. За да се намали ризикод од оштетување од влага, препорачано е да се местат керамички плочки или плочи и да се комбинираат со канали и одводи во еден врзан систем.

Чекор 3

Местење плочки
 

Ако правилно се планира и стручно се инсталираат, керамичките плочки и нивната потструктура се производи со високи перформанси кои се справуваат и со екстремни товари. Бидејќи се способни да издржат тешки услови со децении, тие исто така нудат и одлично решение од економска гледна точка. Но робусноста и долгиот рок на една подна структура не зависи само од оличките, но и од слоевите под нив - од малтерот па се' до фугата. Затоа, Ceresit гарантира системи со високи перформанси засновани врз иновација и искуство.