Системи со подно греење

Системите со подно греење се попопуларни денес од кога било, и со добра причина: Подното греење е енергетски ефикасно решение, и истовремено нуди удобна топлина и комфорна средина. Во комбинација со керамички или камени плочки се остварува заштеда на енергија и до 30% поради оптималната термална спроводливост на керамичките плочки. Ceresit секако дека нуди лепила и фуги за плочки во совршено спарен систем, за разни видови инсталации на подно греење. Погледнете ја нашата брошура за Системи за подно греење за подетални информации.

Чекор по чекор

Чекор 1

Подготовка на подлогата
 

При поставувањење на поден систем за греење под плочки, потребно е да се исполнат одредени стандарди и услови при секој чекор од работата од страна на грејниот инженер, малтерисувачот и плочкарот. Плочкарот треба да има стручно знаење за да провери дека претходната работа била правилно изведена (проверете го тестот за извештајот за греење) и да обезбеди дека малтерот е доволно сув (СМ метод).

Чекор 2

Поставување плочки
 

Поради термалните промени, движењето на подлогата е поголемо отколку на конвенционални малтери. Затоа, клучно е да се користат флексибилни лепила за плочки и еластичкни фуги. Ceresit нуди квалитетни лепила и фуги за плочки со специјални полимери - препорачани за системи со подно греење.