Потребно е стручно знаење за да се исполнат сите стандарди за изградба на базени и спа центри. Тоа има влијание на техничкото проектирање, како и на поставувањето плочки од керамика, стаклен мозаик или природен камен и потребно е детално планирање: стандарди и услови, класа на изложеност на влага, конструкција на базенот, почетно пуштање и користење, чистење и сл. Ceresit го поддржува планирањето и изведувањето со целокупниот асортиман на производи прилагоден на корисниците и детални системски брошури - решенија кои нудат највисока сигурност за сопствениците, архитектите и изведувачите.
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР
ЧЕКОР 1: ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГАТА
Пред да се започне со поставување на мозаик плочки во базен, потребно е да се изврши хемиска анализа на водата за да се утврди видот на вода што ќе се користи во базенот и врз основа на тоа да се направи соодветен избор на градежен материјал. Потребно е да се одредат положбата и димензиите на различните дилатациони и конструкциски споеви кои мора да се затворат. Пред да преминете на следен чекор, проверете дали подлогата е сува. CT 19 е специјален основен премаз и средство за подобро лепење на проблематични подлоги. Може да се користи во затворени и отворени простории, за подготовка на подлогата пред нанесување на лепак за плочки, самонивелирачка маса за ѕидови и подови и пред нанесување на малтер.
ЧЕКОР 2: ХИДРОИЗОЛАЦИЈА
При хидроизолација на базени за капење, многу е важно почитување на прописите за изградба на базен. Производите кои се користат треба да поседуваат соодветен сертификат издаден од градежните власти. Ceresit нуди водонепропусни производи кои се нанесуваат под керамичките плочки или стаклениот мозаик, како што е CR 166 двокомпонентниот флексибилен хидроизолациски премаз.
ЧЕКОР 3: ПОСТАВУВАЊЕ ПЛОЧКИ
При изградба на базенот, голем дел од работите зависат од правилниот избор на материјал. Ова посебно се однесува за хидроизолациските системи и производите за поставување на плочки кои е потребно да имаат сертификат издаден од градежните власти или од ETA. Ceresit гарантира безбедност и висок квалитет на системските решенија кои ги исполнуваат сите услови, а ја препорачува Ceresit CE 89 епоксидната фуг маса за лепење и фугирање керамички или стаклени мозаик плочки погодни за базени за капење.
ЧЕКОР 4: НАНЕСУВАЊЕ ФУГ МАСА
После мешањето, фуг масата може да се нанесе со помош на соодветна глетарка. Потребно е да ја втиснете фуг масата помеѓу керамичките плочки, се додека не се пополнат шуплините и не се израмнат со подлогата. После тоа, остатокот фуг маса се отстранува од керамичките плочки користејќи ја ивицата од глетарката под агол од 90°. Потребно е да правите дијагонални движења, за да се отстрани што е можно повеќе фуг маса а притоа да не се извлекува од фуг масата која се наоѓа помеѓу керамичките плочки. За еднаков и естетски изглед, и за лесно чистење, пред самото миење, потребно е да ја оставите фуг масата некое време за да се исуши.