Подготовка на подлогата
CM 17 се врзува за сите чисти, цврсти, товарни, рамни, суви и влажни подлоги, кои немаат супстанци кои би го попречиле врзувањето. Нерамните површини или дупки треба претходно да се израмнат (види Ceresit производи за подови и производи за завршна внатрешна работа). Слоевите со лоши товарни карактеристики треба да се отстранат. Гипсот/анхидридот или слоевите боја (без варовник, со добро врзување) мора механички да се израпават и да се исчистат од прашина.
Пред нанесувањето на СМ 17 лепилото проверете ја преостанатата влажност на подлогата. Апсорбентните подлоги треба да се прајмираат со Ceresit прајмер.
Проверете го Списокот на технички податоци!