Ceresit нуди адекватен производ и поддршка за секаков вид на поставување на плочки. Нудиме широк асортиман на лепила за плочки, збогатен со совршени компоненти во системи кои ги задоволуваат сите барања. Нашиот цементен лепак за плочки е мешавина од малтери која обезбедува безбедно поставување на плочки, поплочување со природен камен и мермер на различни подлоги.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА – ПРОИЗВОДИ ЗА КЕРАМИКА
Дали е доволно да се користи лепак CM 16 за плочки со голем формат?
mkУпотребата на CM 16 има свои ограничувања. Тој лепак не е во категорија на флексибилни лепила, кои се важни за лепење на овој вид керамика. Може да се користи до формат на плочки 60x60 cm, но за флексибилни и критични подлоги, потребно е да се користи S1 класа на лепак, како што е CM 17 или CM 22 или S2 класа на лепила како што е CM 49.
За колку време треба да се потроши измешан CM 12 EXPRESS лепак?
mkПосле мешање со вода, временскиот интервал кој е погоден за користење на лепакот е 45 до 60 минути. По истекот на тој временски период, лепакот почнува да се стврднува.
Дали CM 77 може да лепи плочки на метал/дрво?
mkСекако, тоа е системски лепак за лепење плочки на метални конструкции. Не е потребен основен премаз, треба само да го избришете металот/дрвото, или евентуално да го одмастите со употреба на соодветно средство.
Која е максималната дебелина на лепак за CM 49 и CM 77?
mkCM 49 тенкослојна и среднослојна метода до максимум 20 mm дебелина. CM 77 е редок, претходно подготвен лепак, кој не е возможно да го нанесете во дебел слој, припаѓа во категорија на тенкослојни лепила до 10 mm.
Кој лепак се препорачува за лепење на бел камен во ентериер и екстериер?
mkЗа светли нијанси на камен, како што се мермер, пескар и слични, за внатре и надвор Ceresit препорачува CM 12 PLUS БЕЛ лепак, кој припаѓа во C2 класа на лепила.
Кои лепила за керамика се погодни за нанесување во надворешно окружување?
mkЗа надворешни површини се препорачува користење на флексибилни лепила Ceresit CM 16, Ceresit CM 17, Ceresit CM 22 и Ceresit CM 49, во зависност од големината на плочката.
Кои производи може да се користат за поставување керамика во купатило?
mkЗа поставување керамика во купатила се препорачува користење на флексибилни лепила Ceresit CM 16, Ceresit CM 17, Ceresit CM 22 и Ceresit CM 49, во зависност од големината на плочката.
Кој лепак е најпогоден за поставување керамика со големи формати?
mkЗа поставување керамика со големи формати се препорачува користење на флексибилни лепила Ceresit CM 22 и Ceresit CM 49.
Кој производ е најсоодветен за вградување на природен камен?
mkЗа вградување на природен камен се препорачуваат флексибилни лепила Ceresit CM 12 Plus Бел и Ceresit CM 49.
Кои се предности на брзоврзувачкиот лепак за керамика?
mkБрзоврзувачкиот лепак за керамика брзо се суши и се врзува за подлогата. Проодноста е возможна после 3 часа, како и фугирањето. Брзоврзувачкиот лепак е погоден за зимски услови кога имате само неколку часа за лепење керамика или кога имате проект кој е потребно да го завршите во многу краток рок.
Што треба да се земе во предвид при поставување на керамика на дрвена подлога?
mkПрво треба добро да се провери носивоста на подлогата, односно нејзината стабилност. Доколку подлогата е стабилна, се препорачува лепење со Ceresit CM 77.
Кои производи се погодни за користење при поставување на керамика на гипсани плочи?
mkЗа подготовка на подлогата користете прајмер Ceresit CT 19, а за лепење керамика се препорачува флексибилен лепак Ceresit CM 17, Ceresit CM 22 и Ceresit CM 49, во зависност од големината на плочката.