СТ 60 акрилен завршен малтер

Опис

мазна структура, гранулација на зрна од 1,5 mm, 2,0 mm или 2,5 mm

Карактеристики

  • Отпорен на временски услови со ниска апсорпција и висока еластичност
  • Паропропустлив и отпорен на оштетување
  • BioProtect формула - отпорен на појава на габи и алги
  • Можност за машинско нанесување*
  • Достапен во целосната палета на Ceresit Colours of Nature®

Прочитајте повеќе

Ceresit CT 60 e тенкослоен малтер кој се нанесува на бетонски подлоги, традиционални малтери, гипсени подлоги, како и на плочи од иверица, гипс-картонски плочи итн. Се препорачува користење на малтерот Ceresit CT 60 како фасаден малтер во рамки на системите Ceresit Ceretherm ETICS со употреба на EPS табли. Материјали со интензивни и темни нијанси треба да се употребуваат на помали површини, на пример во такви нијанси треба да се изведуваат само архитектонски детали. Малтерот СТ 60 е заштитен од биолошки паразити, на пр. габи, мувла и алги.

Чекор по чекор

Добро промешајте ја содржината на кантата. Доколку е потребно, прилагодете ја густината со условите во кои се употребува материјалот со додавање на максимум 1% од количината чиста вода и повторно промешајте. Користете нерѓосувачки садови и алати.

Нанесувајте го CT 60 рамномерно на подлогата во дебелина на гранулацијата, со помош на метална глетарка која треба да се држи под агол.

Структурата се постигнува со кружни движења со помош на пластична глетарка. Со кружни движења се започнува во моментот кога материјалот веќе се не лепи за глетарката.
Малтерот не треба да се прска со вода! Работете на една површина без престан и внимавајте густината на материјалот да биде секогаш иста. Доколку работењето мора да се прекине, поставете самолеплива лента долж означените линии, нанесете малтер, структурирајте го, а потоа извадете ја лентата со остатоците свеж малтер. По паузата продолжете со работењето од означеното место.