- Достапен во 12 нијанси на природно дрво
- Отпорен на временски услови
- Исклучително издржлив и отпорен на нечистотија
-
Достапен во 12 нијанси на природно дрво
-
Отпорен на временски услови
-
Исклучително издржлив и отпорен на нечистотија
-
Хидрофобен и подготвен за употреба
-
Висока стабилност на боја
CERESIT® CT 721 средство за импрегнација се користи за изведување на декоративни слој на природна боја на дрво врз површина со Ceresit CT 720 VISAGE малтер со ефект на дрво, тенкослоен минерален малтер, традиционален малтер, бетонски и гипсани површини. Достапно пакување: Пластична канта од 4l
CERESIT CT 721 може да се користи на носиви, суви подлоги без супстанци кои ја намалуваат лепливоста. Притисокот од влага може да доведе до оштетување на мaлтерот, затоа местата изложени на трајна влага треба да се обезбедат со соодветни заптивни слоеви.
Пред употреба, темелно измешајте ја содржината на кантата. Покрај тоа, правете брзи движења и мешања при нанесување. Не мешајте подолго од 1 минута. Немој да користите 'рѓосувачки садови или алат. Нанесете средство за импрегнација во најмалку два слоја мокро на мокро. CERESIT CT 721 може да се прска или да се нанесува со четка, ваљак или сунѓер.
Нанесувањето се врши во суви услови, со температура на околината и површината од +5°C до +25°C и при релативна влажност на воздухот под 80%. Импрегнираниот малтер треба да се заштити од дожд додека не се исшуши целосно. Кога материјалот ќе дојде во контакт со очи, измијте ги и советувајте се со општ лекар.
CERESIT CT 721 средство за импрегнација се користи за нанесување на декоративна боја на веќе формиран CT 720 малтер со имитација на дрво. Една е од компонентите која се користи во рамки на надворешно термоизолацискиот композитен CERESIT Ceretherm Visage систем за ѕидање ѕидови (ETICS) со примена на плочи од експандиран полистерен и минерална волна.
CERESIT CT 721 се користи на површини со CERESIT CT 720 VISAGE „дрвениот“ малтер, тенкослојни минерални малтери, традиционални малтери, бетонски и гипсани површини.
CERESIT CT 721 VISAGE е присутен во CERESIT Ceretherm VISAGE WOOD системот.