Skip to Content

Наши основни вредности

Градежните проекти се сложени и бараат специјализирани производи. Решенијата што ги нудиме се засновани на постојан квалитет и долготрајно искуство стекнато низ нашата историја. Партнерствата со мајсторите и специјализираната трговија се основа на нашиот успешен бизнис. Наша главна цел е да бидеме градежен партнер од доверба на мајсторите. Фокусирајќи се на нашите основни вредности-иновативноста, квалитетот, техничката стручност и одржливоста, даваме сѐ од себе да обезбедиме иновативни, висококвалитетни и најсоодветни системски решенија. Ceresit е синоним за  професионален квалитет и за подобрување на енергетската ефикасност и заштита на природата.

  • Иновативност
    Иновативност

    Секогаш сме блиску до пазарот постојано следејќи ја промената во потребите на потрошувачите. 

  • Квалитет
    Квалитет

    Ceresit ги задоволува потребите на градежната индустрија и на професионалните мајстори низ целиот свет. 

  • Техничка стручност
    Техничка стручност

    Со цел да ве снабдуваме со врвен квалитет на најдобар можен начин, тимови посветени на водење на проекти обезбедуваат поддршка од фазата на дизајнирање до конечната изведба на проектот на лице место. 

  • Одржливост
    Одржливост

    Една од нашите клучни вредности е да бидеме лидери во одржливост. Имаме цел да промовираме нови решенија за одржлив развој додека истовремено одговорно го развиваме нашиот бизнис.