Поставувањето керамика бара многу искуство и соодветни производи за различни површини и материјали. Без разлика дали станува збор за внатре или надвор, приватна или индустриска употреба, изградба на нова зграда или реновирање на стара, поплочување на мало купатило или базен - може да бидете сигурни дека Ceresit го има вистинското решение со широк асортиман на соодветни производи. Благодарение на нашето искуство и развојот на новите технологии, нашите производи за поставување на керамика се изработуваат од најквалитетни материјали, а самото поставување е побрзо и со помалку напор.
Асортиманот на производи се состои од лепила за керамика, фуг маси, производи за хидроизолација, како и основни премази и средства за чистење.