За да се обезбеди сигурно поставување на подни облоги, Ceresit нуди високо квалитетни производи како што се основните премази, заптивните смеси, смеситe за израмнување и полнење како и поправки.
Кога ќе се нанесе самонивелирачка маса пред лепење на керамика, потребно е благо брусење поради испливување на круто цементно млеко. После брусење и усисавање потребно е да се нанесе основен премаз CN 94 и да се започне со местење керамички плочки.
Во нормални временски услови, одењето по самонивелирачка маса е возможно после 6 часа. За понатамошна изработка потребно е да поминат 24 часа доколку дебелината на слојот е до 3 mm, односно 48-72 часа ако дебелината на слој е поголема од 3 mm.
Задолжително е подлогата да биде чиста, цврста, сува и без пукнатини и супстанци кои можат да влијаат на лепењето, како што се битумен, остатоци од стари лепила и сл. Пред нанесување на нивелирачката маса, секогаш бидете сигурни дека во случај на пливачки подови, влагата во подлогата да биде < 2 CM на цементни кошулици без подно греење (односно 1,8 CM% со подно греење) и < 0,5 CM% за калциум сулфатни кошулици без подно греење (односно 0,3 CM% со подно греење). Нанесете ја самонивелирачката маса Ceresit CN 69 на под во соодветна дебелина со еден слој, и израмнете по целата површина со соодветен алат. Потоа, со употреба на иглест ваљак истистнете го заробениот воздух. Доколку се меша во серии, потребно е да се работи по систем мокро на мокро.
Основен премаз е потребен на минерални впивачки површини за да се поврзат слабите честички прашина, за да се зајакне подлогата и изедначи и намали впивливоста. Некои основни премази може да бидат парна бариера за заостаната влага во цементната кошулица. На невпивачки подлоги, тенок слој на основен премаз ја зголемува лепливоста.
Тие се направени на различни бази: цемент или гипс. На цементна база не се многу осетливи на влага, додека гипсаните самонивелирачки маси имаат помал коефициент на собирање. Од агол на сила на врзување, и двете постигнуваат слични карактеристики, со тоа што цементните се сушат побрзо.
Оние кои има зголемени абразивни карактеристики.