- Ефект на гранит во неколку бои
- Отпорен на временски услови
- Лесно се одржува чист
-
Ефект на гранит во неколку бои
-
Отпорен на временски услови
-
Лесно се одржува чист
-
Отпорен на рибање
-
Подготвен за употреба
CERESIT® CT 710 малтерот се користи за изведување декоративен малтер на традиционален малтер, бетонски и гипсани површини, иверици, гипс-картонски плочи и сл. CT 710 како фасаден малтер, е една од компонентите во ETICS (надворешен термоизолациски композитен систем), Ceresit Ceretherm со поставување плочи од експандиран полистерен и минерална волна. CT 710 e малтер кој претставува мешавина на природни и модифицирани агрегати за ефект на природен камен. Достапно пакување: Пластична канта од 20kg
CERESIT CT 710 може да се користи на мазни, носиви, суви површини, без супстанци кои ја намалуваат адхезијата. Нерамните и оштетените површини треба да се измазнат и поправат. Постоечките нечистотии, слоеви со ниска цврстина, слоеви со еластична креч и леплива боја, тапети и остатоци од лепак, потребно е комплетно да се отстранат. CT 710 може да е користи по комплетно сушење на CT 16.
Содржината на кантата измешајте ја со миксер со мали обрти за да добиете изедначена конзистенција.
CERESIT CT 710 Granite нанесете го рачно, рамномерно на површината, се додека не постигнете дебелина која обезбедува целосна покривност на површината. Користете пластична глетарка за да го измазните малтерот. Глетарката не треба премногу да се притиска на површината. Кога ќе се нанесе, CT 710 создава не еднаква структура на природен камен.
Нанесувањето се врши во суви услови со температура на воздухот и површината од +10°C до +25°C и при релативна влажност под 80%. Да не се нанесува малтер на високо изолирани ѕидови и да се заштити од пребрзо сушење, од дожд, директно изложување на сонце и силен ветер додека целосно не се зацврсти. Да не се меша производот со други смоли, малтери, бои и сврзувачки материјали.
CERESIT CT 710 VISAGE малтерот се користи за изведување декоративни техники за имитација на природен камен. Како фасаден малтер е една од компонентите која се користи во рамки на ETICS, CERESIT Ceretherm со примена на ександирани полистеренски плочи и минерална волна. CT 710 посебно се препорачува за места кои се изложени на интензивни трошења и подлоги кои брзо се валкаат, пр. градежни постоља, влезови во згради, ходници, скали.
CERESIT CT 710 VISAGE се нанесува на традиционални малтери, бетонски и гипсани површини, иверица, гипсани плочи и сл.
CERESIT CT 710 VISAGE е присутен во CERESIT Ceretherm VISAGE STONE системот.