CT 16 QUARTZ CONTACT е еден од најважните производи во ETICS системот. Брзо се суши, се нанесува помеѓу арматурниот слој и малтерот и гарантира:
- Добра подлога за Double Dry технологијата поради високиот степен на водоодбивност и паропропусност
- Силна адхезија помеѓу слоевите во ETICS системот
- Совршен конечен ефект на завршниот слој на фасадата
- Ја зголемува водоодбивноста на ETICS системот
- Едноставно нанесување на малтерот
Благодарение на својата груба текстура, CT 16 го поврзува арматурниот слој со малтерот, и ја зголемува цврстината на целиот систем.
Полимерите во CT 16 и во малтерите со Double Dry технологија може да создадат силна врска поради нивната компатибилност. Како такви, заедно работат на намалување на впивањето на малтери и овозможуваат паропропусност надвор од слоевите на системот. Дополнително, апсорпцијата на збогатениот слој е исто така намалена. Со тоа, уште повеќе се спречува создавањето дамки на малтерот. Полимерите продираат во тенкиот слој на основниот прајмер, што го прави посилен и по еластичен. Комбинацијата на полимери и полнители (меки мермери и многу тврд кварцен песок) му дава дополнителна механичка издржливост на слојот.
Површината на арматурниот слој не е доволно заштитена, капките може да го изгубат својот облик и лесно да продрат во слојот.
Капките вода не продираат во структурата на слојот, туку го задржуваат својот облик и се лизгаат низ фасадата.
Без CT 16, арматурниот слој апсорбира и акумулира повеќе вода. Капките продираат во лепакот.
Површината на арматурниот слој е добро заштитена од вода. Во случај на акумулација на мала количина на вода, капките брзо испаруваат.
Малтер без CT 16 основниот прајмер - рустикална структура
Малтер без CT 16 основниот прајмер - мазна структура
Поради брзото врзување на малтерот, завршниот слој може да има одредени недостатоци: поместување на зрното, не изедначена текстура, премногу густа или ретка структура. Притоа, бојата не е хомогена, туку бледа.
Малтер со CT 16 основниот прајмер - рустикална структура
Малтер со CT 16 основниот прајмер - мазна структура
CT 16 го продолжува времето на нанесување на малтерот, со што завршниот слој може да се нанесе внимателно и рамномерно. Нема поместување на зрното или загуба на материјалот. Притоа, конечната боја најмногу влијае на конечниот изглед на фасадата.
Може да се користи за надворешна и внатрешна употреба. Се нанесува на површини како што се, иверки, гипс-картон и цементно-влакнести плочи, сите видови на бетон и силни премази. Се нанесува на ETICS лепила и цементи и кречно-цементни малтери. Внатре, се користи за декоративен мозаик и дизајнерски малтер, на гипсани подлоги и на облоги обоени со маслени бои.
Посебно се препорачува за високопропусни системи и малтери V1 класа, бидејќи овозможува испарување надвор од слоевите на системот.
Можност за одложување на постапката за нанесување на завршен декоративен малтер во текот на една зима. После паузата не е потребна дополнителна обработка на арматурниот слој.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.