ЦИРКУЛАРНОСТ
Ceresit е посветен на одржливи решенија за пакувања и затоа е фокусиран на максимизирање на уделот на рециклирана пластика, додека истовремено работи на тоа да нашите пакувања бидат дизајнирани за да овозможат циркуларност.
Првата ЕКО кантица беше претставена во 2018 година за фуг масата Ceresit CE 40. ЕКО кантицата ни овозможува да ја намалиме количината на необработена пластика која ја користиме во производството, поддржувајќи ја кружната економија. Дознајте повеќе за тоа!
Нашите ЕКО кантици се направени од полипропилен и може да се рециклираат.
Ние вклучуваме веќе користена рециклирана пластика (PCR) во нашите ЕКО кантици, намалувајќи ги емисиите на CO2.
Нашата посветеност на одржливоста се протега пошироко од производите за вградување на керамика. Во скоро време, нашите фасадни решенија исто така ќе имаат ЕКО канти со пакување направено од дури 62% рециклирана пластика.