Брза можност за одење (само CM 17)
Лепење плочка на плочка (CM 16 и CM 17)
Лепење плочка на плочка (CM 16 и CM 17)
за плочки со големи димензии
видливи влакна
за тераси
критични површини (тераси)
Ceresit иновација заснована на влакна кои обезбедуваат инзвонредна сила и флексибилност. Влакната во Ceresit лепилата за керамика создаваат силна зона која формира врска со плочката и ја одржува полимерната матрица долготрајна.
При поставување на плочките, под плочките се формира слој од ситни честички, полимери, а сега дополнително и влакна. Без влакна во структурата на лепилото, слојот под плочките со тек на време се суши и може да се развлече, а на тој начин се нарушува стабилноста на подлогата.
Благодарение на новото решение кое е базирано на влакна, може да се постигне долготрајна стабилност дури и на најсложени и критични подрачја.
После нанесувањето на лепилото, цементната микро структура постепено испушта вода. Тоа може да предизвика создавање на влага. Овој процес може да трае и неколку години, а потоа да доведе до одвојување на плочката од подлогата.
Полимерите се наоѓаат во Ceresit флексибилните лепила, ја зајакнуваат структурата на цементната основа, што гарантира подобра и флексибилна врска, дури и на критични подлоги и плочки.
Ceresit разви комплетен асортиман на Fibre Force флексибилни лепила збогатени со силиконски влакна. Користејќи ги новите Ceresit производи, се обезбедува поголема сила, долготрајност и намалено впивање на вода.
- Создаваат посилна зона помеѓу плочките и подлогата.
- Помагаат во долготрајно одржување на полимерната матрица.
"Со лепилата збогатени со Fibre Force технологијата, сигурен сум дека плочките ќе се залепат на било која подлога."
Роман, Чешка
"Ги користам лепилата Ceresit збогатени со Fibre Force технологијата затоа што сакам моите резултати да траат засекогаш."
Добор, Хрватска
"Ги избирам лепилата збогатени со Fibre Force технологијата затоа што ми овозможуваат да ја завршам работата и во најтешки услови."
Јеромос, Унгарија
Влакната кои се користат во Ceresit флексибилниот лепак за плочки целосно ги задоволуваат критериумите наведени во Notes Q i R (Nr. 1. 1. 3, Annex VI u CLP Regulation (EC) broj 1272/2008) од Европската комисија. Овој вид на влакна не е класифицирана како канцерогена во Европската Комисија.
Употребата на влакна во Ceresit лепакот за плочки не влијае на класификацијата и декларацијата на производот, и не ја менува моменталната превенција и контрола препорачана за негово ракување и примена.
Јасно е потврдено дека влакната кои се користат во Ceresit флексибилните лепила за плочки се целосно безопасни кога се следат пропишаните безбедносни мерки.
EMICODE е меѓународно признаен стандард за квалитет за производи со ниска емисија. EC1 PLUS значи најниско ниво на емисија. А ниско ниво на емисија значи поздрава клима во собите.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.