Нашите производи и технологии им обезбедуваат на нашите професионални потрошувачи многу повеќе вредност од само технички новитети. Секогаш сме блиску до пазарот постојано следејќи ја промената во потребите на потрошувачите. Основа на нашите активности е истражувањето и развојот со искусни хемичари и инженери. Тие ги претвораат резултатите од истражувањата во производи што ја прават работата полесна, побрза и поздрава. За таа цел, Henkel има воспоставено внатрешни процеси што ја поттикнуваат иновативната мисла. Како резултат на тоа, нашите технологии се заштитени низ целиот свет со повеќе од 8.000 патенти, а нови 5000 патенти се во постапка на заштита.