- Достапен во нијансите на Ceresit Colors of Nature палетата на бои
- Отпорен на валкање и оштетување
- Ниска водовпивливост
-
Достапен во нијансите на Ceresit Colors of Nature палетата на бои
-
Отпорен на валкање и оштетување
-
Ниска водовпивливост
-
Отпорен на временски услови
CERESIT® CT 174 е силикатно-силиконски декоративен тенкослоен малтер со мазна структура за надворешно и внатрешно малтерисување на згради со гранулација на зрно од 1mm/1,5mm/2mm. Се применува и во изолациски системи, на бетонски површини, стари малтери, гипсани подлоги, гипс-картон плочи, иверица и сл. Малтер со Double Dry технологија. Достапно пакување: канта од 25kg
Нанесувањето се прави на температура на околината и подлогата во распон од +5°C до +25°C и влажност под 80%. Овој производ не треба да се меша со други малтери, пигменти, смоли и средства за врзување. Просториите во кои се применува овој материјал треба да се проветруваат. Во случај на контакт со очи, треба да се измијат очите со вода.
Целата канта треба внимателно да се промеша. Доколку е потребно, може да се додаде и максимално 1% чиста вода и повторно да се измеша. Не смеат да се користат валкани и 'рѓосани алатки. CT 174 треба да се нанесе рамно на подлогата во дебелината на зрното, што значи да се нанесе со челична глетарка под агол. Густа, изедначено измазнета структура се добива со кружни потези со пластична глетарка
CERESIT CT 174 може да се нанесува на мазни, носечки, суви и чисти подлоги без маснотии, битумен, прашина и други супстанци кои ја намалуваат адхезијата. Нерамни и оштетени подлоги прво треба да се измазнат и поправат. Нечистотиите, слоеви со слаба цврстина, како и еластични, кречни и лепливи бои треба да се отстранат. CT 174 може да се примени штом CT 16 е потполно исушен.
CT 174 се користи за изработка на тенкослоен малтер во изолациските системи. Се препорачува како фасаден малтер во рамки на CERESIT Ceretherm ETICS со нанесување на EPS плочи и минерална волна. CT 174 малтерот се препорачува за нанесување на надворешни ѕидови каде што е потребна висока лепливост, со многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на нечистотија.
CERESIT CT 174 може да се нанесува на бетонски подлоги, традиционални малтери, гипсани подлоги и иверици, гипс картони итн.
CERESIT CT 174 е присутен во CERESIT Ceretherm AQUASTATIC системот.