- Достапен во нијансите на Ceresit Colors of Nature палетата на бои
- Висока отпорност на времнски влијанија
- Висока отпорност на нечистотија
-
Достапен во нијансите на Ceresit Colors of Nature палетата на бои
-
Висока отпорност на времнски влијанија
-
Висока отпорност на нечистотија
-
Загарантирана долготрајност
-
Паропропусен
CERESIT® CT 75 е силиконски декоративен малтер со рустикална структура за внатрешна и надворешна употреба со гранулација на зрно 2mm. Погоден е за нанесување на бетонски и гипсани површини, традиционални малтери, иверица, гипсани табли и сл. Може да се нанесува на мазни, носиви, суви и чисти подлоги, исчистени од маснотии, битумен, прашина и други супстанци кои негативно влијаат на лепењето. Малтер со Double Dry технологија. Достапно пакување: канта од 25kg
Нанесувањето се прави на температура на околината и подлогата во распон од +5°C до +25°C и влажност под 80%. Овој производ не треба да се меша со други малтери, пигменти, смоли и средства за врзување. Во случај на контакт со очи, треба да се измијат очите со вода.
CERESIT CT 75 може да се нанесува на мазни, носечки, суви и чисти подлоги без маснотии, битумен, прашина и други супстанци кои ја намалуваат адхезијата. Нерамни и оштетени подлоги прво треба да се измазнат и поправат. Нечистотиите, слоеви со слаба цврстина, како и еластични, кречни и лепливи бои треба да се отстранат. CT 75 може да се примени кога прајмерот CT 16 е потполно исушен.
CERESIT CT 75 треба рамномерно да се нанесе на подлогата во дебелина на зрно со помош на челична глетарка која се држи под агол. Потоа потребно е да обезбедите хомогена структура со кружни движења со помош на пластична глетарка која се држи рамно со цел да се постигне изглед на густо распоредена структура на зрната агрегат. Работата треба да се изведе на една површина без прекин, задржувајќи ја истата конзистенција на производот.
CT 75 се користи за изработка на тенкослоен малтер во изолациските системи. Се препорачува како фасаден малтер во рамки на CERESIT Ceretherm ETICS со нанесување на EPS плочи и минерална волна. CT 75 малтерот се препорачува за нанесување на надворешни ѕидови каде што е потребна висока лепливост, со многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на нечистотија.
CERESIT CT 75 може да се нанесува на изолациски системи, бетонски подлоги, традиционални малтери, гипсани подлоги и иверици, гипс картони итн.
CERESIT CT 75 е присутен во CERESIT Ceretherm SELF CLEAN системот.