- Тенок слој
- Флексибилен и едноставен за нанесување
- Отпорен на гребнатини, оштетување и времeнски услови
-
Тенок слој
-
Флексибилен и едноставен за нанесување
-
Отпорен на гребнатини, оштетување и времeнски услови
-
Еднокомпонентен, подготвен за употреба
-
За внатрешна и надворешна примена
CERESIT® CT 760 Visage малтерот се користи за создавање на тенкослоен декоративен премаз на фасади на згради, со ефект на архитектонски бетон. CT 760 како фасаден малтер е една од компонентите која се користи во Ceresit Ceretherm надворешно термоизолациски композитен систем за ѕидови (ETICS) со нанесување на експандирани полистиренски плочи. Достапен е во три нијанси на сива боја со широк спектар на можни структури и техники на нанесување. Достапно пакување: Пластична канта од 20 kg.
Нанесувањето се врши во суви услови на температура на воздухот и површината од +10°C до +25°C и при релативна влажност под 80%. Материјалот не смее да се нанесува во услови на ветар затоа што може да предизвика пребрзо сушење при нанесување. Производот не треба да се меша со други малтери, бои, смоли или други сврзувачки средства.
CERESIT CT 760 малтерот може да се користи на рамни и носиви подлоги кои се суви и без маснотии, битумен, прашина, зрнца малтер и други супстанци кои ја намалуваат адхезијата. Кога се користи во ETICS системот, потребно е да се подготови основен премаз за нанесување CT 760 малтерот. Нерамните и оштетени подлоги треба да се измазнат и поправат пред нанесување на производот. CT 760 може да се применува по минимум 12 часа кога слојот од прајмерот CT 16 ќе биде потполно исушен.
CERESIT CT 760 малтерот е подготвен за употреба. По отварањето, содржината треба добро да се измеша со миксер за мешање. Се препорачува малтерот CT 760 да се нанесе во два слоја. Основниот премаз може да се нанесе со глетарка од не'рѓсувачки челик, додека текстурата - со високо квалитетна глетарка од не'рѓсувачки челик со заоблени агли. Видот на техниката и текстурата зависат од посакуваниот ефект и искуството при примена на овој малтер.
CERESIT CT 760 VISAGE малтерот се користи за изработка на тенкослоен декоративен премаз на фасади на згради, со ефект на архитектонски бетон. Како фасаден малтер е една од компонентите која се користи во рамки на ETICS, CERESIT Ceretherm со примена на плочи од ександиран полистерен. Различните техники на нанесување и површинска обработка може да создадат ефект на сиров архитектонски бетон во различен облик, пр. оплата, саќе, вдлабнатини и сл.
CERESIT CT 760 VISAGE може да се нанесува на бетонски подлоги, традиционални малтери, гипсани површини, иверица, гипсани плочи и сл.
CERESIT CT 710 VISAGE е присутен во CERESIT Ceretherm VISAGE системот.