- За примена: „плочка на плочка“
- За обоени и необоени дрвени подлоги
- За впивачки и невпивачки подлоги
-
За примена: „плочка на плочка“
-
За обоени и необоени дрвени подлоги
-
За впивачки и невпивачки подлоги
-
Висока моќ на врзување
-
Брзо сушење
CERESIT® CN 94 е направен за основно премачкување на подлогите во внатрешни и надворешни простори пред поставување на самонивелирачка маса, репарациони маси, лепила за керамика и камени плочи. Формулата посебно се препорачува за критични подлоги како што се: керамички плочки, дисперзирани и епоксидни премази. Производот ја зајакнува површината на подлогата и го подобрува лепењето на подлогата. Може да се нанесува на анхидрантни, цементни и мастик асфалтни кошулици, бетон, обоени и необоени дрвени подлоги итн. Достапно пакување: Шише од 1l
Површините премачкани со CERESIT CN 94 мораат да бидат суви, носиви и без супстанци кои ја намалуваат адхезијата: маснотии, битумен, прашина итн. Сите нечистотии и слоеви со слаба цврстина потребно е да отстранат. Ова се однесува и за лепливи бои, кои мораат да се истругаат и исчистат со вода.
Нанесете тенок слој од CERESIT CN 94. Рамномерно размачкајте го со четка, да не се создадат задржувања на вода. Во зависност од видот на подлогата, времето на сушење е од 2 до 4 часа. По целосно зацврстување, површината мора да биде отпорна на гребење, во спротивно, постапката на прајмерисување мора да се повтори во рок од 24 часа.
Протресете го пакување CERESIT CN 94 неколку пати. Концентратот мора да се разреди со вода (1 дел CN 94 измешајте со 3 вода). За невпивачки површини од дрво и асфалтни кошулица, CN 94 треба да се користи неразреден.
CERESIT CN 94 е специјален прајмер за сигурно лепење на подни маси за израмнување, керамика и природен камен на критични површини. CN 94 се користи на невпивачки подлоги, OSB плочи и за нанесување на плочка на плочка благодарение на силната адхезија и висок ефект на зајакнување. CN 94 се препорачува за вертикални површини.
CN 94 може да се нанесува на вертикални и хоризонтални површини, впивачки и невпивачки. Формулацијата посебно се препорачува за критични подлоги (само за внатре) како што се: кошулици со остатоци од лепак кои тешко се отстрануваат, керамички плочки, дисперзиони и епоксидни премази.
Работите изведувајте ги во суви услови, со температура на воздухот и подлогата од +5°C до +25°C. CERESIT CN 94 не смее да се истури во канализација или да се меша со други адитиви.