- Високи перформанси
- Обезбедува силна врска
- Ги затвара порите на кошулицата и ја подесува впивливоста
-
Високи перформанси
-
Обезбедува силна врска
-
Ги затвара порите на кошулицата и ја подесува впивливоста
-
Едноставно нанесување
-
Водена база без разредувач
CERESIT® R 777 е наменет за употреба на впивачки бетонски, калциум-сулфатни и цементни кошулици пред нанесување на самонивелирачка маса и дисперзирачки лепила. Овозможува намалување на порозност и врзувања на заостаната прашина после соодветна подготовка, пр. брусење и усисавање. Го подобрува лепењето на наредните слоеви. Достапно пакување: Пластичен канистер од 5 kg и 10 kg
Малтерот или бетонот пред да се нанесе овој премаз треба да биде најмалку 28 дена стар за да има целосна притисна цврстина без заостаната влага. Ceresit R 777 се нанесува на чиста, цврста и сува подлога, без остатоци како што е цврста мембрана или масло.
Протресете ја кантата пред употреба. Ceresit R 777 се разредува со чиста, свежа вода во чиста канта во однос 1:1 со вода. Промешајте со миксер за да добиете хомогена смеса. Нанесувањето се врши со истурање на растворот директно на под и еднакво распоредување по целата површина со употреба на кратко влакнест ваљак или четка за агли.
Советуваме основниот премаз да се нанесе секаде еднакво за да бидеме сигурни дека покасно нема да се појават пликови и кратери во нивелирачкиот слој. Наносот мора да биде соодветен за заптивање и намалување на порозноста на површината, а притоа да се избегне премногу нанесен основен премаз. Се препорачува вкрстено нанесување со ваљак за еднакво нанесување на премазот.
Да, производот може да се користи и пред директно лепење на подните облоги на соодветна подлога со CERESIT лепак. CERESIT R 777 не претставува бариера за влага.
CERESIT R 777 е погоден за подлоги како што се цементни кошулици и бетонски подлоги, калциум сулфатни кошулици, маси за израмнување и мазнење, суви градежни плочи.
Не поставувајте подни облоги на температури под 15°C или при релативна влажност над 75%.