- Отпорна на концентрирано оптеретување
- Армирана со влакна
- Едноставна за употреба
-
Отпорна на концентрирано оптеретување
-
Армирана со влакна
-
Едноставна за употреба
-
Може да се нанесува машински
-
Погодна за системи со подно греење
CERESIT® DH MAXI дебелослојна самонивелирачка маса за дебилина на слој од 3-30 mm. Погодна за сите видови облоги. Достапно пакување: Вреќа од 25kg.
Подлогите мораат да бидат чисти, без пукнатини, здрави, суви и без супстанци кои може да влијаат на адхезијата и мораат да бидат во согласност со акутелните релевантни локални стандарди. Пред нанесување на маса за израмнување, претходно третирајте ја површината со препорачаните прајмери.
За подготовка на смеса во 5,0-5,5 l ладна вода постепено додавајте 25 kg (1 вреќа) прав.
Мешајте непрекинато со електричен миксер додека не добиете хомогена смеса, без егломерација (3-5 минути). По период од 3-5 минути, повторно промешајте.
Мешавината мора да се употреби за 20-25 минути со континуирано и рамномерно нанесување на под. На кошулицата се истура и размачкува со челичен ваљак (глетарка со тенки запци) по што ќе се одзрачи со помош на ваљак за одзрачување.
За покривање со тепих, паркет, PVC, линолеум или гума со дебелина до 30 mm.
CERESIT DH MAXI самонивелирачката маса може да се користи за нивелирање на внатрешни површини на влезови во блокови, јавни згради, пред обложување со тепих, паркет или друг материјал.
Не поставувајте подни облоги на температура под 15°C или при релативна влажност над 75%.