-
Цврсто врзува после 5 минути
-
Голема сила
-
Без собирање
-
Отпорен на вода и мраз
CERESIT® CX 5 Express е брзоврзувачки цемент за внатрешна и надворешна употреба за брзо зацврстување, поставување и привремено заптивање на течење вода. Погоден е за било каков вид на бетон, цементен малтер, ѕидови од цигли и кошулици, пр. типли, куки, различни елементи, шарки, елементи за електрична инсталација, аголни летви, елементи за монтажа. Се применува за брзо исполнување на отвори за склопување, мали неправилности во точки за врзување и челични елементи. Достапно пакување: Вреќа од 5 kg
Работните активности да се изведуваат на температура на околината и подлогата од +5°C до +30°C. При екстремни температури може да се користи топла или ладна вода. CERESIT CX 5 EXSPRESS брзоврзувачкиот малтер содржи цемент помешан со вода кој што има алкална реакција.
Содржината на пакувањето истурете го во точно измерена количина на вода, и мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутки.
За фиксирање, анкерисување и полнење нанесете материјал непосредно после мешањето без одложување. Поставете ги елементите и репрофилирајте во рок од 3-4 минути.
CERESIT CX 5 EXSPRESS брзоврзувачкиот малтер може да се користи на компактни, носиви и чисти подлоги без супстанци кои ја намалуваат адхезијата, како што се маснотии, битумен, прашина. Подлогата треба да се навлажни со доволно бода, без да се создаде задржување на вода.
CERESIT CX 5 EXPRESS може да се користи внатре и надвор - побрзо се врзува дури и при ниски температури. Отпорен е на вода и мраз. За хоризонтални и вертикални подлоги – соодветна конзистенција во двата случаи. Не предизвикува корозија на металните елементи. CX 5 брзоврзувачкиот цемент може да се користи во суви и влажни услови.
CERESIT CX 5 EXPRESS брзоврзувачкиот цемент се користи на компактни, носиви и чисти подлоги без супстанци кои ја намалуваат адхезијата, како што се маст, битумен, прашина. Подлогата треба да се навлажни со доволно вода без создавање меурчиња. За анкерсирање треба да се искове или избуши отвор за соодветен пречник. Растојанието меѓу анкер елементот и подлогата на монтажната дупка не треба да биде поголемо од 20 mm.
Ако материјалот дојде во контакт со очи, темелно измијте со вода и побарајте совет од лекар. Во случај на монтажа на елементи од камен чувствителни на промена на боја, потребно е да се спроведат сопствени тестови за да се провери дали малтерот ќе ја промени бојата на елементот.