- За заптивање споеви и монтажа на санитарија
- Висока отпорност на габи и мувла
- Отпорен на UV зрачење
-
За заптивање споеви и монтажа на санитарија
-
Висока отпорност на габи и мувла
-
Отпорен на UV зрачење
-
Отпорен на високи температури
-
За внатрешна и надворешна примена
CERESIT® CS 25 е висококвалитетен санитарен силикон за заптивање споеви и пукнатини во купатило, тоалет и кујна. Погоден е за агли, споеви ѕид и под и дилатациски споеви во влажни простории. Содржи фунгоцидни супстанци, па поради тоа водата не се задржува во споевите. Достапно пакување: туба од 280ml
Пред нанесување на CERESIT CS 25 подготовете ја подлогата и осигурајте се да биде чиста, сува, без влага и исчистена со разредувач (стакло, алуминиум). CS 25 секогаш останува еластичен и затоа се препорачува за сооединенија кои се активни. Споевите мораат да бидат зацврстени со трака така што дополнителна количина на силикон не оди преку површина на зглобот.
Исечете го врвот на пакувањето во ширина соодветна на споевите на кои ќе се нанесува. CERESIT CS 25 нанесете го со пиштол директно на површината, а потоа израмнете со шпатула натопена со мешавина на сапун и вода. После нанесување на CS 25, отстранете ја траката која сте ја ставиле претходно при подготовка на површината.
По нанесување на CERESIT CS 25, потрудете се да ги изедначите фугите во рок од 5 до 10 минути. Неисушениот материјал може да се отстрани со разредувач, а исушените делови може да се отстранат механички. CS 25 трба да се суши најмалку 30 минути, а најмногу 3 часа.
CERESIT CS 25 е високо квалитетен санитарен силикон кој се користи за заптивање на фуги во кујна, купатило, тоалети. CS 25 е наменет за споеви "под-ѕид", "ѕид-ѕид" како и за заптивање на санитарија за плочки.
CERESIT CS 25 не се лепи на површини како што се гума, битумен, катран, тефлон и полиетилен. Водете сметка да не нанесете CS 25 на корозирани метални површина како што се олово, бакар, цинк, железо и градежни материјали од кои течат маснотии или разредувач.
Идеална температура за нанесување на CERESIT CS 25 е помеѓу +5°C и + 40°C.