Skip to Content

Систем за керамика

Тераси, Балкони И Патија

Изградбата на балкони и тераси не е никаква наука, но како и со многу други работи, се држат четири очи отворени. Бидејќи ќе е на отворено, крајниот производ треба да исполнува високи структурни и физички услови. И најмалата грешка во планот или лошо сработената работа може да имаат директни последици и да завршат со структурно оштетување.  Првиот чекор при планирањето мора секогаш да е темелна проверка на типот конструкција, второто прашање е видот материјал кој ќе се користи.  Ceresit го поддржува планирањето и изведбата на вашиот проект со совршено одбрани производи: Нашиот систем го опфаќа целиот спектар производи отпорни на мраз, влага и големи промени во температура - од производи за подготовка на подлоги и водоотпорност до соодветни лепила и фуги за плочки.

Чекор По Чекор

Чекор 1. Подготовка на подлогата

Пред носење какви било одлуки за водоотпорна изолација, основно е да се тестира и процени типот и условите на подлогата. Водата мора да се слива - затоа е клучен предуслов да се осмисли надворешен простор со долготраен и ефикасен систем за одвод. Балконите и терасите мора да се планираат со минимален нагиб од 2%.

Чекор 2. Хидроизолација

За да се зачува вредноста на најдобриот можен начин и да се избегнат структурни оштетувања од физички влијанија, дизајнот на терасата и хидроизолацијата мора да се совршено усогласени. Правилата за планирање и изведба на потребната хидроизолација за тераси, балкони и патија се дефинирани во локалните и ЕУ норми и стандарди. Ceresit ви нуди детални информации во брошурата за Местење плочки на балкони и тераси.

Чекор 3. Поставување плочки

Керамичките плочки и природниот камен се одлични за покривање подови од балкони и тераси. Ако стручно се постават, долго траат. За надворешни простори, лепило мора да се нанесе на начин кој ќе обезбедува целосно покривање на плочката и долната страна на плочата (100% адхезивно покривање). Ако плочките и плочите не се целосно втиснати во малтерот, ке се направат дупки во кои се насобира вода. Влагата заробена во лепилото со време ќе донесе разни проблеми, од цветање на спојките до мрзнење и деламинација на плочките. Ceresit ви нуди производи за поставување плочки на балкони и тераси.

Чекор 4. Нанесување фуг маса

После мешањето, фуг масата може да се нанесе со помош на гумена глетарка. Потребно е да ја втиснете фуг масата помеѓу керамичките плочки, се додека не се пополнат шуплините и не се израмнат со подлогата. После тоа, остатокот фуг маса се отстранува од керамичките плочки користејќи ја ивицата од глетарката под агол од 90°. Потребно е да правите дијагонални движења, за да се отстрани што е можно повеќе фуг маса а притоа да не се извлекува од фуг масата која се наоѓа помеѓу керамичките плочки. За еднаков и естетски изглед, и за лесно чистење, пред самото миење, потребно е да ја оставите фуг масата некое време за да се исуши. 

Имате Прашање?

Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.