Систем за керамика
При местењето плочки можете да најдете соодветни решенија за речиси секој вкус: од големи, стилски дизајнерски плочки, природен камен и мермер, шарени стаклени мозаици до исклучително тенки керамички плочки.
При местењето плочки можете да најдете соодветни решенија за речиси секој вкус или функционален предуслов: од големи, стилски дизајнерски плочки, природен камен и мермер, шарени стаклени мозаици до исклучително тенки керамички плочки. Важното е да се дефинираат условите однапред, соодветно да се припреми површината и да се избере соодветното лепило, фуга и метод на поставување. Ceresit ви нуди висококвалитетни производи за кое било специјално решение.
Во последно време големите плочки се многу популарни за на ѕидови и подови. Потребно е посебно предзнаење и техники, како и соодветни лепила за плочки за да се гарантира дека лепилото се распределува под плочките без појава на дупки (90% подлога).
Потребни се специјални, брзосушечки (бели) лепила и фуги за да се мести природен камен или мермер. Заштитете ги чувствителните материјали од цветање и дамки со употреба на лепила кои се специјално формулирани за оваа намена.
Тенките порцелански плочки се користат во специјални ситуации кога традиционалните плочки се несоодветни или комплицирани (реновирање итн.). Ова бара специјално предзнаење при нивелирање на површината и специјални техники при нанесувањето.
При реновирање, за да не се уништи крутата подлога и да се заштеди на време, честопати плочките се местат на веќе постојни стари плочки. Затоа потребна е проценка и посебен третман на подлогата, како и соодветно флексибилно лепило за плочки, за да се обезбеди доволно силно врзување и долготраен резултат.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.