Skip to Content

ТЕХНИЧКИ РЕШЕНИЈА

Прајмер, Херој Под Облогата

Подготвени за успех

Премазите за ѕидови и подови, познати и како прајмери, се суштински компоненти во многу градежни проекти. Читајте понатака за да дознаете зошто овие прајмери се маскирани суперхерои.

System primer for wall application
Нанесување на прајмер со четка

За што служат прајмерите?

Прајмери за ѕид и под помагаат во правилната подготовка на подлогите, ја намалуваат апсорпцијата и ја подобруваат адхезијата. Површините на кои е нанесен прајмер имаат соодветна структура и состав на површината.

Како се користат прајмерите

Ставање на прајмерот е еден од најлесните чекори во вашиот проект. Потребни ви се правилни алатки (ваљак/четка, канта и миксер), заштитна опрема (заштитни наочари и ракавици) и малку трпение.

  1. Заштитете се. Ставете ги ракавиците и заштитните наочари и работете во добро проветрен простор.
  2. Подгответе ја подлогата. Подлогата мора да биде сува, чиста и стабилна. Според видот на прајмерот, постојат оние кои се користат на апсорбирачки подлоги, и оние кои се користат на неапсорбирачки подлоги. Прочитајте повеќе информации за типот на прајмерот во техничкиот лист на избраниот производ.
  3. Промешајте го прајмерот. Протресете го садот или измешајте го производот.
  4. Разредете го прајмерот во сад за матење, по потреба. Разредувањето е неопходно доколку прајмерот се нанесува на високо впивачки подлоги. Техничкиот лист на производот ги содржи потребните информации за соодветните соодноси на разредување и дали подлогата е погодна за разредување и нанесување на последователни неразредени слоеви.
  5. Нанесете го прајмерот. Користете ваљак или четка за рамномерно нанесување на производот. Зависно од проектот, може да бидат потребни неколку фази. Некои прајмери малку ја менуваат бојата на подлогата, со што грундираните површини се очигледни.
  6. Оставете го прајмерот да се исуши. Прочитајте го техничкиот лист на производот за подетални информации за тоа колку долго трае овој процес и дали можете да започнете да работите друга работа.
  7. Дали е доволно? Ако подлогата сеуште многу впива и откако ќе се исуши прајмерот, нанесете уште еден слој.
  8. Чистење. Исчистете ги алатот и свежите дамки со чиста вода.

Избор на соодветен прајмер

При избор на прајмер, земете ги во предвид материјалот, порозноста и локацијата каде се наоѓа подлогата (на отворено, или затворено). Некои прајмери за надворешни ѕидови имаат одлични перформанси на бетон и други подлоги. За внатрешни проекти, изберете го соодветниот прајмер.

Пред кречење, поставување на плочки или тапети, задолжително нанесете прајмер. За различни проекти изберете го универзалниот производ како што е CT 17. Може да се користи за внатрешна и надворешна употреба. Подлогите обложени со овој прајмер помалку впиваат, а може да се користи на малтер, гипсани плочи, бетон, естрих и слични впивачки подлоги.

CT 17 PROFI е прајмер со длабока пенетрација за сите впивачки подлоги и е погоден за поставување плочки и други слоеви како што се топлинска изолација, подови и слично.

ДАЛИ НАНЕСУВАТЕ ЅИДНИ ИЛИ ПОДНИ ПРАЈМЕРИ ВО ПРОСТОРИИ КОИ ИМААТ ВИСОК ПРОЦЕНТ НА ВЛАГА? КОРИСТЕТЕ ПРАЈМЕР КОЈ ГИ БЛОКИРА ДАМКИТЕ, СПРЕЧУВА ЛУПЕЊЕ И МУВЛА И СПРЕЧУВА СОЗДАВАЊЕ НА МЕУРЧИЊА НА НАДВОРЕШНИТЕ ЅИДОВИ.

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

  • Хидроизолација на бања
    Хидроизолација на бања
  • Санитарен силикон
    Санитарен силикон

    Санитарен силикон 

  • Поставување плочки во бања
    Поставување плочки во бања

    Поставување плочки во бања 

  • Izlivanje samonivelišuće mase
    Како да се израмнат подовите

    Познавањето на техниките за израмнување на подот ќе ви помогне да ги претворите косите, нерамни или груби површини во безбедни, естетски и цврсти. 

  • Kupatilo obloženo mozaikom
    Епоксидна фуга - Предности и примена

    Идеален за премачкување 

  • Ceresit фасадна боја за надворешни ѕидови: Заштитна боја што штити
    Ceresit фасадна боја за надворешни ѕидови: Заштитна боја што штити

    Изборот на вистинската фасадна боја за перење ќе ви заштеди време и ќе избегнете понатамошни проблеми. Прочитајте за детални информации за заштитните својства и како да користите силиконски, силикатни, акрилни или еластомерни бои за обновување на оштетениот малтер. 

Имате Прашање?

Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.