Технички Решенија
Ја блокира влагата и нечистотијата
Санитарниот силикон го заптива просторот помеѓу керамичките плочки, онаму каде што се спојуваат ѕид и под и за заптивање споеви помеѓу плочки и санитарија. Овој слој не само што ги прави спојките потрајни и поубави, туку ги прави и полесни за чистење.
Пополнувањето на празнините им дава на фугите почист изглед, а воедно ги штити од оштетувања предизвикани од влага, нечистотија и мувла. Кога нанесувате силикон на керамика во бања (пример, када, туш, умивалник), создавате визуелно пријатен премин помеѓу површините кои исто така лесно се чистат.
Санитарните силикони може да бидат проѕирни или во боја, а најчесто доаѓаат во патрони кои овозможуваат директо вбризгување на производот во спојките.
При изборот на санитарниот силикон, мора да бидете сигурни дека може да се нанесе на материјалите што сакате да ги запечатите. Најчесто ќе работите со следниве површини: керамика, пластика, метал и емајлирани/глазирани површини.
За да биде ефикасен на влажни подрачја, санитарниот силикон мора да биде отпорен на влага, мувла и габи. При изборот мора да ја земете во предвид и ширината на спојниците што треба да се пополнат, бидеќи одредени санитарни силикони се формулирани за различни ширини.
Запамтете Дека Повеќето Од Санитарните Силикони Не Може Да Ги Пребоите.
Бидеќи останува флексибилен после стврдувањето, производ како што е Ceresit CS 25 санитарниот силикон е добра опција за запечатување на спојките во санитарните простории, како и во трајно влажни простори (ама не и во базени). Спречува појава на мувла и габи и се прилепува на повеќето наведени материјали, дури и без прајмер. Може да го користите во затворени простори или на отворено, не не смее да се користи за аквариуми или на површини кои доаѓаат во допир со храна или вода за пиење.
Подгответе ги материјалите. Освен санитарниот силикон CS 25, потребни ви се леплива трака, алатка за сечење, мистрија или слична алатка, малку вода и сапун/детергент за миење садови, ракавици и заштитни наочари.
Заштите се. Носете ракавици и заштитни очила и обезбедете соодветна вентилација, особено за време на фазата на стврднување.
Подгответе ги спојниците и површината. Површините мора да бидат цврсти, суви и без супстанции кои можат да влијаат на адхезијата. Погледнете го техничкиот лист за повеќе детали, да дознаете дали треба да нанесете прајмер. Покријте ги рабовите со самолеплива трака. Ако ги запечатувате дилатационите спојки, пополнете со пена со затворени ќелии.
Подгответе го патронот. Отсечете го врвот и ставете го додатокот на патронот. Врвот на млазницата пресечете ја косо (отприлика под агол од 45 степени) зависно од ширината на спојката.
Примена на силиконот. Користејќи рамномерен притисок, вбризгувајте санитарен силикон во спојот без создавање на празнини. Користете соодветна алатка како мистрија и малку сапун/детергент за миење садови, за да го измазните силиконот во временската рамка наведена во техничкиот лист.
Завршен третман. Отстранете ја лепливата лента според упатствата во техничкиот лист. Доколку е потребно, прерамнете го силиконот и веднаш отстранете го вишокот. Прочитајте го техничкиот лист за информации за отстранување на производот по стврднувањето.
Со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања во врска со нашите производи, продажни места каде може да ги купите, и кои се најдобри решенија за вашите проекти.