- Водоодбивна и флексибилна
- Погодна за отворени и затворени простори
- Зголемена отпорност на пукнатини и гребење
-
Водоодбивна и флексибилна
-
Погодна за отворени и затворени простори
-
Зголемена отпорност на пукнатини и гребење
-
Оптимизирано време на сушење кај порцелански плочки
-
Висока отпорност на мувла и нечистотија
CERESIT® CE 40 е екстра отпорно средство за фугирање на база на цемент за ширина на фуга од 1 до 8mm. Наменета е за фугирање на керамички, стаклени, камени хоризонтални и вертикални плочки, мозаик, мермер и облоги од природен камен. Благодарение на Aquastatic (водоодбивност) ефектот, капките вода не продираат во фуг масата. Истовремено спречува создавање нечистотија во фугата. Погодна е за влажни простории, балкони, тераси и системи со подно греење. Достапни пакувања: канта од 2kg и 5kg
Лепакот за плочки мора да биде сув и пред нанесување на CERESIT CE 40. Направете пробно фугирање за да утврдите дали површината може совршено да се исчисти после фугирање. Ова посебно се препорачува за интензивните бои.
Истурете ја CERESIT CE 40 во наведената количина на чиста вода. Мешајте со миксер со приближно 600 rpm, додека не добиете хомогена смеса без грутки. Оставете да отстои неколку минути, потоа повторно промешајте.
CERESIT CE 40 да се нанесе со гумена глетарка дијагонално во правец на фугата. Исчистете ја површината на плочката со сунѓер и чиста вода. Се препораува дополнително перење по 1 или 2 часа за да се заштити свежата фуга.
CERESIT CE 40 маса за фугирање со Silica Active технологија е посебно погодна за фугирање на порцелан (оптимално време на сушење) како и за други видови керамика, мозаик облоги од природен камен и мермер на вертикални и хоризонтални површини.
Користете го CERESIT CE 40 само во суви услови и на температури од 5°C до 25°C. Заштитете од директна сончева светлина.