- Водоодбивна и флексибилна
- Погодна за базени и површини под постојано влијание на вода
- За внатрешна и надворешна употреба
-
Водоодбивна и флексибилна
-
Отпорна на гребнатини и прашина
-
Погодна за базени и површини под постојано влијание на вода
-
За често проодни плочки
-
За внатрешна и надворешна употреба
CERESIT® CE 43 е водоодбивна, високо флексибилна маса за фугирање мозаик, керамички, стаклени, камени хоризонтални и вертикални плочки. Ширина на фугирање 2-20mm. Благодарение на посебните адитиви оваа фуг маса ги одбива капките вода и истовремено спречува валкање на фугата, што ја прави погодна за фугирање кермаика во кујни, купатила, туш кабини, базени, сауни, купатила и тоалети, остави и сл. Може да се примени и во затворени простории. Достапно пакување: канта од 5kg
Ивиците на плочките мора да бидат исчистени од дамки. Фугирањето на плочките може да почне штом лепакот за плочки ќе се стврдне и исуши. Пред нанесување уверете се дека CERESIT CE 43 не остава трајни траги на плочките. Чистите ивици на плочките треба да се измијат со сунѓер.
CERESIT CE 43 фуг масата треба да се нанесе во фугите со гумена глетарка. Пред да се исушат, плочките треба да се исчистат со порозен сунѓер кој често се мие и цеди. Ако споевите пребрзо се исушат, треба да е навлажнат малку со мазен сунѓер. Суви наслаги од фугата може да се отстранат со сува крпа.
CERESIT CE 43 истурете го во точно измерена количина на чиста и ладна вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутки. Почекајте 3 минути и повторно промешајте. Не користете 'рѓосувачки садови или алат.
CERESIT CE 43 се користи за пополнување на фуга во грес, керамички, стаклени и камени плочи (со исклучок на камен и мермер кои се осетливи на промена на боја), на вертикални и хоризонтални површини.
CERESIT CE 43 е посебно погодна за фугирање керамички плочки во кујна, купатило, туш кабини и сл. CE 43 може да се користи во базени, сауни, купатила и тоалети, остави и сл. Се користи за високо фреквентни простори како што се супермаркети, шопинг центри и сл. Оваа маса за фугирање може да се користи на надворешни и внатрешни површини.
Користете ја CERESIT CE 43 само во суви услови и на температура од +5°C до +25°C. Заштитете од директна сончева светлина.