- Максимална должина на најдолга страна на плочка е 100cm
- Дебелина на нанесување до 10mm
- Можна проодност после 3 часа од нанесување
-
Максимална должина на најдолга страна на плочка е 100cm
-
Дебелина на нанесување до 10mm
-
Можна проодност после 3 часа од нанесување
-
Можност за фугирање после 3 часа
-
Висока адхезија
CERESIT® CM 12 EXPRESS е погоден за брзо поставување на керамички, грес и плочки од природен камен. Идеален е за работа во зимски услови кога температурата е на долната дозволена граница, како и за простории со ниски температури. Погоден е за јавни и комерцијални објекти и простори, каде што е потребна побрза работа и сушење. Се користи за цврсто поставување на керамички плочки и подни плочи без празнини под нив, како и за поставување фини камени и ливени бетонски плочи како во ентериери, така и во екстериери. Достапно пакување: вреќа од 25kg.
CERESIT CM 12 се користи за чисти, цврсти, носиви, рамни, суви и влажни подлоги кои не содржат супстанци кои можат да го намалат лепењето. Нерамните површини или вдлабнатини треба претходно да се израмнат. Слабите премази треба да се отстранат. Премазите од гипс/анхидрант или боја (без креда, со добра адхезија) мора механички да се исчистат од прашина.
Содржината на пакувањето истурете го во прецизно измерена количина на чиста и ладна вода и мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки. Почекајте 5 минути, потоа повторно промешајте. Ако е потребно, внимателно додадете вода додека не ја добиете посакуваната конзистенција.
Лепакот се нанесува со соодветна назабена глетарка во зависност од големината на плочките. За внатрешна употреба, покривноста на лепакот (контактна површина) на задната страна на плочката мора да биде најмалку 65%. За надворешна употреба, потребна е минимална покривност од 90% (се користи комбиниран начин на нанесување, односно дополнително се нанесува тенок слој на лепак на задната страна на плочката).
CERESIT CM 12 EXPRESS лепакот е наменет за брзо поставување на керамички, грес и плочки од природен камен. Идеален е за работа во зимски услови каде што температурата е на долна дозволена граница, како и за простори со ниски температури. Погоден е за јавни и комерцијални објекти и простори, каде што е потребна поголема брзина на работа и побрзо сушење.
Максимална должина на најдолгата страна на плочка е 100cm.
Работните активности изведувајте ги во суви услови, со температура на воздухот од +5 C до +30°C.