- Максимална должина на најдолга страна на плочка е 30cm
- Висока стабилност
- Одлична обработка
-
Максимална должина на најдолга страна на плочка е 30cm
-
Висока стабилност
-
Одлична обработка
-
Погоден за нерамни површини
-
За дебелина на слој до 10mm
CERESIT® CM 9 е тенкослон лепак за поставување впивачки подни и ѕидни керамички плочки. Погоден е за внатрешни подлоги кои имаат цемент како врзувачки елемент. Може да се применува на компактни, цврсти и носливи подлоги без никакви супстанци кои го намалуваат лепењето (масти, прашина, битуменски премази, остатоци од црна изолација, бои и сл.) Достапно пакување: вреќа од 25kg.
Пред нанесување на CERESIT CM 9 проверете дали правилно сте ја подготвиле подлогата. Подлогата не смее да биде мокра, а цементната и бетонската кошулица мора да бидат целосно суви пред нанесување. Постоечката нечистотија, остатоците и премазите треба да се отстранат механички. Нерамните површини до 1 cm може да се пополнат претходниот ден со лепак за плочки CM 9.
Измешајте го CERESIT CM 9 (вреќа од 25 kg) со 6 ± 0,25 l вода со помош на миксер со мал број на обрти додека не добиете хомогена смеса без грутки. Почекајте 2 минути, потоа повторно промешајте.
CERESIT CM 9 нанесете го со соодветна назабена глетарка на подлогата, величината на заби на глетарката зависи од големината на плочките. Лепакот треба да покрие најмалку 65% од задната страна на плочката. Плочките поставете ги во рамки на отвореното време на лепакот и водете сметка ширината на фугата да биде иста во зависност од големината на плочките и условите на поставување.
CERESIT CM 9 е погоден за внатрешна употреба на плочки кои се наоѓаат во влажни простории со периодични продор на вода како што се купатило, кујни, тоалети и помошни простории како што се подруми, ходници, скали, дневна соба и сл. CM 9 се користи за керамички, глазирани, теракота и порцелански плочки.
CERESIT CM 9 е цементен лепак за плочки кои се користат за трајно поставување на: цементни и цементно-кречни малтери, цементни кошулици и бетонски подлоги.
CERESIT CM 9 се нанесува во суви услови со температура на воздухох и распон на температура од +5°C до +25°C.