-
Водонепропусен
-
Подготвен за употреба
-
Премостува пукнатини
-
Само за внатрешна употреба
CERESIT® CL 51 е еднокомпонентен премаз за хидроизоалција под керамички плочки во влажни и мокри услови (купатила, туш кабини, кујни, јавни тоалети и сл.). Погоден е само за внатрешна употреба. Во случај на подни конструкции со изолациски слој CL 51 се нанесува директно на слојот за прераспределба на оптеретувањата. Истотака, погоден е за употреба на ситеми со подно греење. Достапни пакувања: канта од 5kg и 15kg
CERESIT CL 51 се применува на сите цврсти, носиви, стабилни и чисти подлоги кои се спремни за поставување керамика и се исчистени од супстанци кои влијаат на лепењето (пр. агенси за одвојување, честички, прашина, маснотии или нечистотии). Горната површина мора да биде доволно рамна и без пукнатини.
Нанесете го CERESIT CL 51 неразреден со четка, ваљак или глетарка. За создавање на водоотпорен слој потребни се два слоја. Вториот слој може да се нанесе после 2 часа од нанесување на првиот слој. По приближно 4 часа (во зависност од условите на нанесување) подлогата е подготвена за обложување.
Откако ќе се осигурате дека вториот слој CERESIT CL 51 е исушен, продолжете со поставување на плочките користејќи флексибилен лепак за плочки CM 16, CM 17, CM 12 или CM 22. Препорачливо е секогаш да ги зацврстувате споевите и ивиците со заптивна трака CERESIT CL 152 запечатена за првиот слој и прекриена со вториот слој од CL 51.
CERESIT CL 51 е хидроизолациски премаз, супер флексибилен и брзо се суши. Се користи за заптивање под керамички плочки во влажни услови, како што се купатила, тоалети и кујни. CL 51 е погоден за примена на различни видови подлоги, но само во внатрешни простории.
CERESIT CL 51 не е погоден за употреба за базени, надворешни површини, стари керамички плочки, асфалтен бетон и фарбани површини.
Идеална температура за нанесување на CERESIT CL 51 е помеѓу +5°C и +30°C.