- Водонепропусен, за надвор и внатре
- Подготвено за покривање после 2 часа
- Премостува помали пукнатини
-
Водонепропусен, за надвор и внатре
-
Подготвено за покривање после 2 часа
-
Премостува помали пукнатини
-
Погоден за системи со подно греење
-
Погоден за базени (длабочина до 5m)
CERESIT® CL 50 е двокомпонентен флексибилен хидроизолациски премаз наменет за хидроизоалција под керамички плочки во влажни простории како што се купатила, туш кабини, јавни тоалети и јавни простории со подна дренажа. Погоден е за надворешна и внатрешна употреба. Посебно е погоден за примена при брзи поставувања кога се очекува поставување на плочки истиот ден. Во надворешни услови се користи за заштита на цементни кошулици и бетонски површини во отворени дворови и балкони од влага. Достапно пакување: канта од 12,5kg
Површините мораат да бидат суви, цврсти, здрави и без маснотии, прашина, нечистотии или други пречки за лепење. Подлогите од калциум сулфлур (влага ≤ 0,5%) треба механички да се избрусат и исчистат. Гипс плочите мораат да бидат подготвени според препораките на нивниот производител.
CERESIT CL 50 се состои од 2 компоненти: прав (2 вреќи од 3,75 kg) и течна компонента (канта од 5l). Прво, истурете ја течноста во друга канта, а потоа додадете го прашокот во соодветен однос на мешање и мешајте со мешалица со мали обрти додека не добиете хомогена смеса без грутки. После 5 минути, измешајте повторно за да добиете конзистенција која може да се размачка.
Потребно е да се нанесат два заптивни слоја со дебелина на сув слој од најмалку 10 mm. Првиот слој треба да се нанесе со четка. Вториот слој треба да се нанесно вкрстено со првиот. Дебелината на еден слој од CERESIT CL 50 не треба да биде поголема од 1 mm.
Може да се нанесува на бетонски малтери и цементни кошулици, цементни и кречни малтери, газиран бетон, калциум сулфат, гипсани подлоги, малтери и гипсани плочи. Немој да го користите CERESIT CL 50 надвор на стара керамика, мастикс, асфалт и фарбани површини.
CERESIT CL 50 се користи за хидроизолација на подлоги пред поставување на кермаички плочки и природни камени облоги внатре и надвор. Производот се препрачува за простори кои се трајно или делумно изложени на влага/вода како што се: купатила, базени, тераси и балкони, јавни тушеви, тоалети, комерцијални кујни.
Идеална температура за нанесување на CERESIT CL 50 е помеѓу +5°C и + 25°C.