- Максимална должина на најдолга страна на плочка е 80cm
- Висока флексибилност во надворешни услови
- Идеален за систем плочка на плочка
-
Максимална должина на најдолга страна на плочка е 80cm
-
Висока флексибилност во надворешни услови
-
Идеален за систем плочка на плочка
-
Силна моќ на лепење
-
Сушење и врзување без собирање
CERESIT® CM 16 е флексибилен лепак за внатрешна и надворешна употреба збогатен со силикантни влакна. Идеален е за систем плочка на плочка. Погоден е за поставување на грес плочки, природен камен и системи со подно греење. Својствата на лепакот овозможуват поставување на плочки на гипсани табли, системи со подно греење, суви кошулици, гипс, заштитен бетон и водонепропусни слоеви. Се применува и во влажни простори. Достапни пакувања: вреќа од 25kg и 5kg
Подгответе ја подлогата и уверете се дека не е мокра. Цементните и бетонските кошулици мора целосно да бидат исушени пред нанесување на CERESIT CM 16. Целата постоечка нечистотија, слаби слоеви и премази мора механички да се отстранат. Впивачките подлоги измачкајте ги со прајмер и оставете да се исуши. Површинските нерамнини до 5 mm може да се пополнат претходниот ден со CX 5.
Содржината на CERESIT CM 16
истурете ја во прецизно измерена количина на чиста и ладна вода (6,75 ± 0,25l на 25kg) и мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки. Оставете 5 минути, потоа повторно промешајте.
Да се нанесе CERESIT CM 16 флексибилниот лепак за плочки со соодветна глетарка за подлога. За внатрешна употреба, лепакот за плочки треба да покрие најмалку 65% од задната страна на плочката. Методот на конткатно лепење се препорачува за подни плочки и надворешна употреба (лепакот мора да се нанесе на задната страна на плочката) со што се постигнува контактна површина поголема од 95%. Плочките поставувајте ги само при отвореното време на лепакот CM 16.
CERESIT CM 16 е погоден за примена во внатрешни и надворешни простори и се препорачува за топли и влажни простории со продор на вода. CERESIT CM 16 се користи за гранит, пескар камен и мермерни плочи, исто така е лесно применлив и за употреба при плочка на плочка.
CERESIT CM 16 флексибилниот лепак за плочки за внатре и надвор може да се користи на подлоги како што се бетон, цементни кошулици и малтери, цементни и кречни малтери. CM 16 во затворени простории исто така може да се користи на анхидратни подлоги, гипсани подлоги и газиран бетон (без прашина и премаз).
Нанесувањето на CERESIT CM 16 вршето го во суви услови, со температура на воздухот и притисокот од +5°C до +25°C.