- Максимална должина на најдолгата страна на плочката е 80 cm
- Отпорен на вода и мраз
- Без лизгање на вертикални површини
-
Максимална должина на најдолгата страна на плочката е 80 cm
-
Отпорен на вода и мраз
-
Без лизгање на вертикални површини
-
Погоден за лепење плочка на плочка
-
Висока сила на лепење
CERESIT® CM 16 WHITE е бел флексибилен лепак за поставување плочки на деформабилни подлоги, тераси, базени, купатила и системи со подно греење. Наменет е за природен и вештачки камен, секаков вид на мозаик, вклучувајќи стакло, керамика, мермер, гранит, пескар, травертин, мешавина од светол вар и други крупнозрнасти камени плочи. Истотака погоден е за поставување на керамички и грес плочки, стаклени керамички плочки и теракота. Достапно пакување: Вреќа од 25 kg.
Пред нанесување на CERESIT CM 16 WHITE задолжително подгответе ја подлогата и бидете сигурни дека не е мокра. Нечистотијата, сите слаби слоеви и премази од боја треба механички да се отстранат. Впивачките подлоги премачкајте ги со основниот премаз CT 17 Profi и оставете ги да се сушат најмалку 2 часа. Нерамнини до 5 mm може да се пополнат еден ден претходно со Ceresit CX 5 EXPRESS. Во случај на поголеми нерамнини и вдлабнатини користете самонивелирачка маса Ceresit CN 69.
Содржината на CERESIT CM 16 WHITE истурете ја во прецизно измерена количина на чиста вода (според техничките информации) и мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки. Оставете 5 минути, потоа повторно промешајте.
Со назабена глетарка нанесете го CERESIT CM 16 WHITE лепакот на подлогата. За внатрешна употреба на ѕид, покривноста на контактната површина на задната страна на впивливата плочка мора да биде најмалку 65%. Методот на контактно лепење се препорачува за подни плочки, надворешна употреба и плочки со голема формат (мора да се нанесе еден слој лепак на задната страна на плочката) со што се постигнува контактна површина поголема од 95%. Поставувајте плочки само во периодот на отвореното време за лепење.
Ceresit CM 16 WHITE е наменет за поставување на сите видови мозаик вклучувајќи стакло и керамика, мермер, гранит, пескар, травертин, мешавина од светол вар и други крупнозрнасти плочи. Истотака погоден е за поставување на керамички и грес плочки, стаклени керамички плочки и теракота.
Карактеристиките на лепакот CERESIT CM 16 WHITE овозможуваат поставување плочки на гипсани табли, суви кошулици, бетон и водонепропусни слоеви (освен на црни битуменски премази). Може да се користи во влажни простории, како што се купатила, базени, тераси, балкони со соодветни дилатациски споеви, скали, подно греење, фасади, OSB плочи и на постоечки керамички облоги.
CERESIT CM 16 WHITE треба да се нанесува во суви услови, со температура на воздухот од +5 °C до +25 °C.