- Максимална должина на најдолга страна на плочка е над 100 cm
- Максимална дебелина на лепак при поставување плочки е 20 mm
- Изразена отпорност на лизгање
-
Максимална должина на најдолга страна на плочка е над 100 cm
-
Максимална дебелина на лепак при поставување плочки е 20 mm
-
Изразена отпорност на лизгање
-
Зголемена моќ на задржување на вода и подеслива конзистенција
-
Едноставно нанесување
CERESIT® CM 22 е лепак со висока адхезија и флексибилност од класата C2TES1 за грес и плочки од природен камен. Се препорачува за поставување на плочки кои се греат, издигнати површини, тераси, балкони, базени и резервоари на техничка вода. Наменет е за користење на места со интензивен сообраќај и големи сервисни оптеретувања. Подесен е за примена на подлоги како што се: постоечки плочки, силно лепливи фарби, гипс и анхидрантни подлоги (само во внатрешноста). Достапно пакување: вреќа од 20kg.
Подгответе ја подлогата и уверете се дека не е мокра. Цементните и бетонските кошулици мора целосно да бидат исушени пред нанесување на CERESIT CM 22. Целата постоечка нечистотија, слаби слоеви и премази мора механички да се отстранат. Впивачките подлоги измачкајте ги со прајмер и оставете да се исуши. Површинските нерамнини до 5 mm може да се пополнат претходниот ден со CX 5 EXPRESS.
Содржината на CERESIT CM 22 истурете ја во измерена количина на чиста и ладна вода и мешајте со професионален миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки. Почекајте 5 минути, потоа повторно промешајте. Конзистенцијата може да се регулира со додавање на вода и повторно мешање.
CERESIT CM 22 да се нанесе со челична глетарка, во зависност од големината на керамичката фасета. Тенок слој од CM 22 исто така мора да се нанесе на плочката (покривајќи 100% контактна површина) – бидете сигурни дека површината е чиста и без прашина, а плочките не се мокри. Поставете ги плочките додека лепакот е сеуште леплив, но во рамки на отворено време.
CERESIT CM 22 се препорачува за примена во внатрешни и надворешни простори и погоден е за употреба во топли и влажни простории, балкони, тераси и подови со подно греење. CM 22 се користи за поставување плочки со голем формат на различни водоотпорни површини.
CERESIT CM 22 може да се нанесува на мазни, носиви, суви подлоги и без нечистотии (како што се маснотии, битумен, прашина): бетон, цементни кошулици и малтери, гипсани плочи (прајмерувани со CT 17), традиционални малтери и бои со добро лепење (полирани со брусна хартија, вакумирани и гриндирани со CT 17), анхидрантни подлоги, постоечки керамички и камени плочи.
Нанесувањето на CERESIT CM 22 мора да се врши во суви услови на температура на околината помеѓу +5 и +25°C.